Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето ќе има кај корисниците од улиците „Сава Ковачевич“ (Болница), улицата „405“ во Пуковско, „Нокола Врапцаров“, месноста Амбар маало, како и улиците „Александар Здравковиќ“ и „Драге Шутевски“.

Поради поправка на шибер, прекини ќе има и кај корисниците од населбата Железничка станица.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во кумановско: Маж пропаднал во „живо блато“ до раменици (ВИДЕО)