Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции во мрежата.

Loading...

Како што информираат од Регионалнито центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода денеска ќе имаат корисниците од улицата „38“ во населбата Карпош,  улица „Среќко Пужаљка“ бр. 31, како и улицата Ѓуро Пуцар Стари“.

На улицата „Стојан Сликар“ бр. 7 ќе се врши испитување на водоводна и канализациона мрежа за евентуален дефект, по потреба и поправка на истиот.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на остранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ООУ „Магдалена Антова“ добива ново спортско игралиште (ФОТО)