Без струја денеска неколку делови од Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Неколку делови од Куманово и Липково денеска во текот на денот привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во период од 06:45 до 12:30 часот прекини ќе има на дел од улицата „11 Ноември“, поточно м.в. Расадник, како и станицата за технички преглед „Ауто-фер“.

Од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај Здружението на возачи кај Железничка станица.

Без струја ќе биде и дел од село Доброшане, поточно објектот на „Игор 97“ во период од 12:00 до 14:00.

Во период од 06:45 до 12:30 без струја ќе бидат липковските села Оризаре, Опае, Слупчане, Алешевце, РУница, Извор и Белановце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите сè уште над 30 степени

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски