Без струја денеска и утре низа села во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Поголем број села во Куманово и Липково денеска и утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 16:00 часот прекини во снабдувањето ќе има во селото Довезенце.

Во истиот период денеска без струја ќе бидат и селата: Ново Село, Черкезе, Љубодраг, Ропаљце, како и улиците „Индустриска“ и „Железничка“ во Куманово.

Утре во период од 07:30 до 16:00 часот прекини ќе има во селата Умин Дол, Матејче, Виштица, Никуштак, Гошинце, Лукаре, Стрима, Пресница, Глажња, како и браната и филтер станицата во Липково.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда, тешко е повреден

Од 09:00 до 15:00 часот утре без струја ќе биде селото Костурник.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски