По повод 12 Мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки заедно со Здравствен дом Куманово организираат акција за бесплатно мерење на крвен притисок и закажување бесплатни мамографски прегледи.
Акцијата ќе се одржи денеска, 12 мај 2026 година, во период од 10 до 12 часот на Градскиот плоштад во Куманово.
Во рамки на настанот, жените на возраст од 40 до 69 години кои во последните две години немаат направено мамографија, ќе можат да закажат бесплатен преглед.
Организаторите информираат дека целта на акцијата е подигнување на свеста за значењето на превентивните прегледи и грижата за здравјето, како и одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри.
Никола Ивановски

