Бесплатниот превоз во Куманово ќе трае до крајот на 2023

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово со мнозинство гласови денеска одлучи бесплатниот градски автобуски превоз да трае до крајот на 2023 година.

Loading...

Според советникот Дарко Митевски идејата беше да се овозможи што поголем број граѓани да го користат јавниот превоз и тоа да им стане навика.

– Со комисијата за превоз во која сум член разговаравме со вработените од општината и тие направија во првата половина од октомври активна контрола да се види потребата на граѓаните и утврдија што е фактички може и самите да забележиме дека најголем број на патници се во оние автобуси од периферијата до центарот каде има поголем број населби, и особено од 6 ипол до 10 и пол и за назад од 12 и пол до 4 и пол и бројот на корисници дури е и поголем од капацитетот тна автобусите, потенцираше тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Од опозицијата единствено негодуваше советникот Миле Андоновски, кој вели дека одлуката треба да се преиспита со цел да се врши поголема контрола како се трошат буџетските пари.

Предлага да се ограничи сумата што се троши на 30.000 евра месечно и билетите делумно да бидат субвенционирани.

– Моја дилема не е дали треба да има линиски превоз да се субвеницонира туку дали ние имаме право и смееме во услови на недостаток на основна контрола и увид во трошење на пари на граѓаните што е ерезултат на неспособноста на општинската администрација да гласаме одлуки со кои според мене нетранспарентно и незкаонски се трошат буџетски средства, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Сепак со 18 гласови „за“, седум „против“ и четворица „воздржани“, беше одлучено субвенционирањето да трае до крајот на 2023 година.

За субвенционирањето на превозот од почетокот на годинава, па заклучно 31ви декември, од буџетот ќе бидат потрошени милион евра.

Loading...

Никола Ивановски