Националната установа центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе им овозможи на пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане бесплатен влез за фестивалот „Денови на комедија 2024“, информираа надлежните од центарот.
Одлуката е чин на добра волја и изразување на благодарност од установата за ангажманот на пожарникарите.
– Донесовме таква одлука која ќе се финализира кон крајот на месец август и сигурни сме дека ќе има интерес од територијалните противпожарни единици од Куманово и Старо Нагоричане. Тоа е гест на добра волја, ние како Центар за култура толку можеме да помогнеме во оваа состојба, гест кој се надевам ќе ги орасположи пожарникарите кои несебично се вложија во гасењето на пожарите на подрачјето на двете општини, изјави директорот на центарот за култура, Сашо Тодоровски.
Одлуката ќе се финализира по донесувањето на одлуката на управниот одбор на почетокот од септември, годинава, по што пожарникарите ќе можат да ги подигнат билетите. Фестивалот традиционално се одржува во октомври и секогаш се бара карта плус за „Денови на комедија“. Според проценките фестивалот го посетуваат околу 6.000 граѓани