Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска имаше средба со членовите и симпатизерите на партијата во Кавадарци, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.
На средбата беа присутни и пратениците Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски, како и министерот за правда Игор Филков.
Бендевска истакна дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија на која и е важно да ги слушне граѓаните, нивните проблеми и заедно да најдат решение за истите. Во плодната и конструктивна дискусија беа дадени и предлози и решенија за развој на Општина Кавадарци и целиот Тиквешки регион.
Во рамките на кампањата “Заедно повеќе знаеме”, потпреседателката Бендевска, пратениците Карапејовски и Стојчевски, и министерот Филков остварија средба и со членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија во Неготино.