Бегалка од Сирија роди девојче во Општа Болница во Куманово

Сподели со своите пријатели

На акушерското одделение во Општа Болница во Куманово во текот на вчерашниот ден е донесена триесетгодишна бегалка од Сирија која на свет донесе женско дете, тешко 2900 грама, информираат од одделението.

Loading...

Сиријката, инаку мајка на пет деца, во кумановската болница го роди шестото дете во кумановската болница и се чувствува добро.

Таа била донесена од екипите на Црвен крст во 8:20 часот и веднаш била породена.

Од болницата соопштуваат дека родилката и новороденчето ќе останат еден ден за понатамошно следење, иако таа изразила желба веднаш да си замине.