Бегалец од Сирија на опасното патување си го земал и своето кученце (видео)

Сподели со своите пријатели

Аслам Ал Хакин, 17 – годишно момче бегалец од Дамаск, Сирија, град кој можеби е најпогоден од воените дејства, на својот опасен пат кон Грција решил со себе да го земе и своето милениче, куче од расата сибирско хаски.

Loading...

Како што раскажува момчето, тој за миленичето Роуз имал дури и нејзин пасош, и на прашањето дали е сериозен дека со себе освен ранец ќе носи и специјализирана кошница за куче, тој одговорил потврдно, затоа што го сака тоа суштество.

На патот низ Средоземјето, Хаким со своето кученце ја поминал воената зона во Сирија, долгите патишта во Турција, пловејќи низ морето при што стасал на грчкиот остров Лезбос од каде го чека долг пат кон Македонија, Србија, а потоа, со отворените и затворени граници, некаде низ европските држави каде во моментот владее вистински хаос со прифаќање на бранот бегалци од Блискиот Исток.