Триесетгодишник од Кочани кој избегал од кумановскиот затвор, нападнал полициски службеник при обид да биде приведен.
– На 23.07.2024 во 23.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Ј.(30) од Кочани, кој бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при лишувањето, тој физички нападнал полициски службеник и бил задржан во полициска станица.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а по наредба на Основен суд Кочани Д.Ј. е спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна, стои во соопштението.
Никола Ивановски