Бегалците од Сирија и Ирак кои со денови беа заглавени на граничната линија помеѓу Македонија и Србија се повлекоа во внатрешноста на ТЦ Табановце, информираат волонтери од овој бегалски центар.

Утринава на граничната линија се забележани само овластени лица задолжени да го исчистат граничниот појас, додека внатре во кампот според кажувањата на волонтерите, бегалците со мали шатори се повлечени во кампот, откако стотина од вкупно 437 бегалци, доброволно одлучиле да заминат во ПТЦ Гевгелија.



