БАРСЕЛОНА: Тајзи е првиот и последен артист кој снимил спот на Камп Ноу (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Барселона е новиот сингл на кумановецот Тајзи, кој овој пат својата љубов кон шпанскиот клуб ја овековечи во стихови.

Loading...

Токму Тајзи ја има честа да биде прв и последен артист кој снимил спот на величествениот Камп Ноу и направи песна за историјата и легендите на клубот.

Вели дека во животот многу нешта му се поврзани со Барса. На пример првиот солистички концерт го имал на истиот датум кога е основан клубот, а првиот соло албум го најавил од истоимениот град пред 10 години.

За прв пат го посетил Камп Ноу со својот рано починат другар за кого ја напиша песната „Чувај ни га Боже“, која стана голем хит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три хороскопски знаци ќе пливаат во пари во мај

– Ова е 10-ти јубилеен спот со мојот брат и најталентираниот уметник со кој сум соработувал Даниел Јовески. Фала ти за се што правиш за мојата кариера. Пишуваме историја заедно, вели Тајзи меѓу другото.

Тајзи е роден во истата година со најдобриот играч на сите времиња – Лионел Меси. Вели дека се надева оти Меси ќе го слушне неговиот сингл и летово како што вели „кралот ќе се врати дома“.

– Кој ја познава добро историјата знае дека мотото на овој клуб е „Mes que un Club” или во превод „Повеќе од клуб“ бидејки од самиот старт фудбалот на луѓето од Барселона им бил единствен начин да го победат империјализмот и диктатурата со која се соочувале. Пркост, револуција, слобода, љубов, борба, правда… Се она за што пишувам во моите песни. Ви благодарам за се добри луѓе. Ви благодарам за сите испеани рефрени и посетеноста на моите настапи и концерти во сите овие 15 години. Ве сакам од срце, порачува Тајзи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Во продолжение слушнете ја приказната за Барселона низ стиховите на овој кумановски артист…

Loading...