БАКСУЗ: Сакаше да изврши грабеж, но бегајќи од полицијата пропадна низ плафонот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Несекојдневната ситуација наводно се случила во еден маркет во канадскиот град Едмонтон, кога девојката Британи Ибурк (29) пропаднала низ плафон и тоа само неколку минути откако полицијата се обидела да ја уапси.

Како што раскажала сопственичката на продавницата за локалната телевизија, Британи со момчето Ричард Парисо (28), некое време шетала пред дуќанот, а кога влегле внатре, момчето со украдена картичка се обидело да плати лименка сок.

Крадец наместо излогот му скрши глава на својот соучесник (ВИДЕО)

Loading...

Сопственикот на дуќанот, кој во тој момент се наоѓал на касата, го прашал момчето дали може да го внесе ПИН кодот за да се наплати, а тој искоментирал дека не го знае затоа што картичната всушност припаѓа на неговата девојка.

Сомнителното однесување на овој пар го навело сопственикот да повика полиција која многу бргу се појавила на лице место.

Безбедносните камери во макретот забележале вистинска драма кога полицијата се обидела да ги приведе.

Момчето во еден момент ја турнал девојката на полицијата и се обидел да избега, но, со малку бркање низ дуќанот, го совладале.

Девојката ја искористила можноста и избегала во задниот дел на продавницата и се качила на плафонот, од кој само неколку минути подоцна пропаднала во дуќанот.

И двајцаа се приведени и обвинети за повеќе кривични дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск предупреди на ризикот од банкрот на САД

Leave a Reply