Бајден и емирот на Катар разговарале за ситуацијата во Газа

Сподели со своите пријатели

Катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани и американскиот претседател Џозеф Бајден денеска телефонски разговараЛе за развојот на ситуацијата во Појасот Газа и окупираните палестински територии.

Loading...

Двајцата лидери разговараа и за заедничките напори на САД и Катар за смирување на ситуацијата и постигнување траен прекин на огнот, јавува катарската новинска агенција QNA.

Во текот на разговорот Бајден и Ал Тани се осврнаал на билатералните односи меѓу двете земји и нивниот понатамошен развој.

Катар, заедно со Египет, беше посредник во преговорите меѓу Израел и Хамас кои резултираа со неколкудневно примирје и ослободување на голем број заложници кои ги држеше Хамас и Палестинците кои беа затворени во Израел, пренесува Танјуг.