Бајден: Америка се обидува да утврди како се урнал авионот на Евгениј Пригожин

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека американските власти се обидуваат прецизно да утврдат како авионот на Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена група Вагнер, се урна во Русија.

Loading...

Русија претходно го критикуваше Бајден дека покажа недостиг на изненадување од веста дека Пригожин загинал во авионска несреќа и предупреди дека не е соодветно Вашингтон да дава такви забелешки.

„Не знам што точно се случи, но не сум изненаден. Во Русија не се случува речиси ништо зад што не стои претседателот Путин, но јас не знам доволно за ова“, изјави Бајден претходно во разговор со новинарите, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФСБ: Русин ѝ давал информации на Украина за пари, се соочува со доживотен затвор

Авион „Ембраер“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урна во средата вечерта во регионот Твер, а на списокот на патници се наоѓа и лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.

Пригожин (62) го предводеше бунтот од 23 до 24 јуни против руското воено раководство за кое Путин рече дека може да ескалира во граѓанска војна, наведува британската агенција.