Министерството за надворешни работи на Азербејџан ги советуваше граѓаните на таа земја да не патуваат непотребно во Иран, поради нестабилната ситуација и вооружениот напад на дипломатската мисија во Баку.
Вооружен напад врз амбасадата на Азербејџан во Иран беше извршен на 27 јануари, а во инцидентот беше убиен шефот на службата за безбедност на амбасадата, а две лица беа повредени, пренесува РИА Новости.
„Со оглед на нестабилната ситуација во Исламската Република Иран и терористичкиот акт извршен врз дипломатската мисија на нашата земја, на граѓаните на Република Азербејџан им се препорачува да не го посетуваат Иран непотребно, а посетителите се советуваат да бидат крајно внимателни“, се наведува во соопштението на министерството.