Автомобилот удрил во вратата на руската амбасада во Романија, возачот загинал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автомобил утрово удри во вратата на руската амбасада во Букурешт, Романија, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Loading...

Инцидентот се случил околу 6:30 часот по локално време, јави ТАСС, повикувајќи се на Радио Романија. Според радиостаницата, автомобилот после тоа се запалил, пренесува ТАСС.

 

Шанел ја ограничува продажбата на своите производи на Русите во странство

 

 

Според полицијата, возачот починал, јави руската државна новинска агенција.

Сообраќајот е ограничен на улицата каде што се наоѓа амбасадата, а полицијата ги истражува причините за инцидентот, се додава во извештајот.

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“