Автомобил изгоре во пожар во Никуштак

Сподели со своите пријатели

Патнички автомобил вчера изгорел во пожар во липковското село Никуштак.

Loading...

– На 29.01.2023 во 11.55 часот во Полициско одделение Матејче било пријавено дека во село Никуштак, Општина Липково настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ без регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски / фото: архива

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!