Автобус со туристи излетал кај Мачу Пикчу, повредени над 30 патници

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 30 туристи се повредени кога автобус излетал од патот во Перу, во близина на античкиот град на Инките Мачу Пикчу, објави порталот Перу 21.

Loading...

„Околу 32 туристи се повредени и сите се однесени во (градот) Куско“, изјави претставник на перуанската полиција.

Порталот јавува дека возачот на автобусот изгубил контрола бидејќи видливоста била намалена поради магла.

Меѓу повредените има шест Италијанци, пет Мексиканци, двајца Јапонци и еден Кинез. Полицијата отвори истрага за несреќата.