Иранските власти ослободија австриски државјанин кој од непознати причини беше приведен во Иран.
Loading...
„Австриецот Кристијан Вебер, затворен во провинцијата Западен Азербејџан, е ослободен од затвор во согласност со принципите на исламското помилување“, објави денеска Мизан онлајн.
Правосудните органи не ги соопштуваат причините за неговото затворање, ниту датумот на неговото апсење.
Само пишува дека Вебер извршил „злосторства“.
Австрискиот државјанин бил ослободен од затвор во северозападниот дел на земјата и „предаден на австрискиот амбасадор да продолжи со трансферот“.
Иран, наводно, држи неколку европски државјани во притвор „по наредба на судот“.