Австрија, од почетокот на пандемијата, денеска забележа рекорден број новозаразени од Ковид-19, над 3.000 лица.
Веќе неколку дена Австрија бележи бројка од над 2.000, односно 2.500 заразени лица, а во изминатите 24 часа ја надмина бројката од 3.000, со вкупно 3.614 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Овој рекорден број е утврден врз основа на 24.189 тестови.
Бројот на починати се зголеми за 11, на вкупно 965.
Во моментов, преголемиот број новозаразени лица предизвикува проблеми во пронаоѓањето на контактите со заразените, а провинцијата Форарлберг соопшти дека повеќе не е во можност да ги испраќа сите контакти, туку ќе работи само на контакти од ризични групи.
Во моментов во Австрија има 21.181 активен пациент, од кои 1.177 се хоспитализирани, а 175 се на интензивна нега.
Пандорка Арсовска-Гацова