Австралија го отфрли предлогот на Кина заеднички да се спротивстават на американските царини

Сподели со своите пријатели

Австралија денеска го отфрли предлогот на Пекинг да работи заедно за да се спротивстави на американските царини, велејќи дека наместо тоа ќе продолжи да ја зајакнува својата трговија и да ја намали зависноста од Кина, нејзиниот најголем трговски партнер.

Loading...

„Нема да се држиме за рака со Кина за каков било конфликт што се случува во светот“, изјави вицепремиерот Ричард Марлс за Sky News, одговарајќи на предлогот на кинескиот амбасадор двете земји да „работат заедно“ на трговијата.

Тој рече дека Австралија ќе ја изгради својата економска отпорност со зајакнување на трговските врски со Европската унија, Индонезија, Индија, Велика Британија и Блискиот Исток, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск ќе поминува помалку време работејќи за администрацијата на Трамп

Амбасадорот на Кина во Австралија, Ксијао Чиан, ја повика Канбера да соработува со Пекинг за одбрана на мултилатералниот глобален трговски систем.

„Под новите околности, Кина е подготвена да им се придружи на Австралија и меѓународната заедница за заеднички да одговорат на промените во светот“, рече Ксијао.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека привремено ќе ги намали високите царини за десетици земји, но ќе продолжи да ја таргетира Кина, зголемувајќи ги тарифите на 125 отсто од 104 отсто.

Тоа може да претставува ризик за Австралија, која извезува речиси една третина од својата стока во Кина, проценува Ројтерс.

Извозот во САД сочинува помалку од пет проценти од вкупниот извоз на стока на Австралија. Премиерот Ентони Албанес рече дека иако царините за Австралија, клучен безбедносен сојузник на САД во Индо-Пацификот, „немаат основа во логиката“, неговата влада нема да возврати на Вашингтон, пренесува Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск ќе поминува помалку време работејќи за администрацијата на Трамп