Вчера во американскиот град Савана, во државата Џорџија, се урна мал авион при што загинал пилотот, а бил повреден патникот, јавува ABC News.
Несреќата се случила во населбата Ламара Хајтс, според информациите објавени од локалната полиција.
За среќа, никој на теренот не е повреден, а дополнителна истрага ќе спроведе Федералната управа за авијација (FAA).
Пожарникарите од Савана објавија на Фејсбук дека добиле дојава за несреќата околу 21:46 часот.
Кога пристигнале пожарникарите, пилотот и патникот сè уште биле заробени во авионот.
„Постапивме брзо за што поскоро да ги извадиме и да овозможиме итен транспорт до болницата“, стои во нивното соопштение.
Областа ќе остане затворена додека не заврши истрагата и не се отстрани авионот, рекоа официјални лица.