Авион се обидел принудно да слета, удрил во автобус и се запалил: Драма во Бразил, има и загинати

Сподели со своите пријатели

Авион се судрил со автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Паоло.

Loading...

Лесниот авион се урнал околу 7:20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло, Бразил.

Сведоците пријавиле дека слушнале експлозија и виделе голем облак од црн чад, според извештаите на Глобо.

На снимката од местото на несреќата се гледаат остатоци и автобус во пламен, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во меѓувреме, беше соопштено дека од урнатините се извлечени две тела.

Авионот, наводно, полетал од аеродромот Кампо де Марте околу 7:15 часот, летејќи кон градот Порто Алегре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на небото над Лондон: Авион приземјен веднаш по полетувањето

Само пет минути подоцна, авионот се обидел принудно да слета на улица и се судрил со автобус.

Во автобусот во моментот на несреќата немало патници, соопштија од противпожарната служба.

Loading...

Се уште не е јасно колку луѓе имало во авионот, а се уште нема информации за повредени.

Лесниот авион, идентификуван од локалните медиуми како King Air F90, наводно може да превезува осум патници.