Во сабота на 26ти септември во арената Филип Втори во Скопје се одржаа дводневни финални натпревари на Младинскиот атлетски куп.
Во сите 3 категории во машка и женска конкуренција и севкупно, победник е Атлетскиот клуб Куманово. Претходно пред 2 недели се одржаа квалификациите за овој Младински Куп.
Успешниот настап АК Куманово во овој натпревар го надополни и со 3 државни рекорди. Младински рекорд во фрлање диск на Матеја Ефремовска ( 36.65 м) и два пионерски рекорда на 400м пречки на Милан Вељковиќ еднаш во квалификациите и еднаш во финалето ( 61.41 сек.).
Според освоените поени најдобрите 3 екипи во машка конкуренција беа: Куманово – 59 поени, Работнички – 45 поени и Лирија – 20 поени.
Извор: атлетика.мк