Атлетски клуб Куманово прогласен за најдобар во Македонија

Сподели со своите пријатели

Атлетскиот клуб Куманово по петти пат е прогласен за најдобар атлетски клуб во Република Македонија, а освен тоа овој спортски колектив ги има најдобриот младинец и најдобриот тренер во државата.

Loading...

Признание за најдобар атлетичар во младинска категорија, Атлетската федерација на Македонија му додели на Милан Вељковиќ, додека Филип Колевски го доби признанието најдобар тренер во државата.

Наградите се должат на постигнатите успеси на национално и меѓународно ниво, кои атлетичарите на АК Куманово ги постигнаа во текот на оваа година, а тоа се многу медали, пехари и срушени државни рекорди, вели Катерина Тимчевска, атлетичар на клубот.

– Имавме доста интернационални настапи на атлетичарите однашиот клуб, на национално ниво тука со години наназад можеме да се пофалиме сомногу титули, први места, освоени купови, мислам дека четврта година по ред гоосвојуваме Сениорскиоит куп на Македонија и Атлетската федерација сега во средаодржа манифестација на која беа прогласени најдобрите тренери, клубови иатлетичари. Ние како клуб земавме три признанија, Милан Вељковиќ како најдобармладинец во машка конкуренција до 19 години, добивме признание за најдобар клуби најдобар тренер, изјави Тимчевска.

Задоволството од најпрестижните награди во државата од областа на овој спорт, не го криеше ниту тренерот Филип Колевски, кој вели дека ова треба да биде потик за младите атлетичари кои доаѓаат, но овој спорт бара прилагоден режим со спиење, исхрана и тренинзи. Секој медал и награда се мотивација за уште поголеми успеси.

– Од државно ниво, освојување на сите три категории, машка, женска и севкупно, би го издвоил настапот на сите Балкански првенства што се во сала и на отворено, имавме настап на Европско првенство за мали земји, Катерина Тимчевска беше едиснтвен женски учесник на оваа првенство и тоа оваа година е наш најголем индивидуален успех. Имавме младинци кои станаа успешни на сениорско ниво, резултати што се најдобри оваа година што подолго време ги нема никој постигнато на македонската сцена и се надеваме дека од следната година ќе продолжиме со поставување на државни рекорди.

Loading...

Атлетскиот клуб Куманово, освен наградите од Федерацијата, со години наназад за своите успеси признанија добива и од Општинскиот сојуз на спортови. Освен што учествува на многу домашни и странски натпреварувања, клубот често е организатор на атлетски митинзи на патеката во Соколана на која вредно тренираат идните европски и светски атлетичари.

Leave a Reply