Атентат на опозиционер во Јужна Кореја: Маж му пришол барајќи автограм, а потоа го избодел

Сподели со своите пријатели

Лидерот на јужнокорејската опозиција Ли Јае-Мјунг беше нападнат во вторникот за време на посетата на јужниот пристанишен град Бусан, објави новинската агенција Јонхап.

Loading...

Ли бил прободен во левата страна на вратот од непознат маж додека бил во посета на градилиштето на идниот аеродром, пренесе агенцијата.

Напаѓачот, во неговите 50-ти или 60-ти, му пришол на Ли и побарал автограм, пред ненадејно да го нападне.

Набрзо бил совладан и уапсен.

Префрлен во болница

На фотографиите објавени во медиумите се гледа како Ли лежи на земја со затворени очи, а други луѓе вршат притисок на раната на неговиот врат.

Лидерот на опозицијата е пренесен во болница, објави Јонхап.

И покрај строгите закони за оружје, Јужна Кореја има историја на политичко насилство кое вклучува други видови оружје.

Лидерката на конзервативната опозиција Парк Геун-хе, која подоцна стана претседателка, беше нападната со нож во 2006 година, при што имаше длабок рани на лицето.

Loading...