Армијата на Република Македонија започна да подигна и втора горада по должината на јужната граница особено кај т.н. кота 59, пренесуваат националните медиуми.
Инаку котата 59 е местото каде секојдневно пристигаат бегалците од Грција и чекаат влез во нашата држава. македонските војници рано утринава започнаа да ја подигаат оградата со што практично се добиваат две огради со мал тунел измеѓу нив.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи откако започна издавањето на потврди до сега во Република Македонија влегле, односно транзитирале 452.506 бегалци, од кои на 60.000 само од почетокот на 2016-та година.
Со оглед на фактот дека во сабота кај Идомени недалеку од Гевгелија пристигнаа околу 70 автобуси со бегалци, во наредните денови се очекува голем притисок врз јужната граница за премин низ Македонија.
Голем број европски земји испратија свои полициски сили да помогнат на јужната граница во спречување на илегалните влегувања на економските мигранти.