Армијата на Република Македонија ќе набави осум нови хеликоптери до крајот на 2028 година кои треба да го надополнат воздухопловството.
Како што информираше министерката за одбрана Славјанка Петровска, одлучено е да се набават четири хеликоптери AW149 и четири од типот AW169M.
– Се очекува да почнат да пристигаат во втората половина на 2026 година, а последниот хеликоптер од овој пакет да биде испорачан до 2028 година. Паралелно со ова, а како дел од една целина Министерството за одбрана работи и на подобрување на состојбата со персоналот кој понатаму ќе ги лета и одржува овие хеликоптери, изјави Петровска.
Според министерката, ова ќе ја модернизира воздухопловната компонента на АРМ за потребите на армијата, но и за поддршка на другите цивилни институции.
Леталата ќе се набават од италијанската компанија Леонардо, а вкупниот износ што ќе биде потрошен е 230 милиони евра, пари што ќе се исплаќаат етапно во следните четири години.
Никола Ивановски