Арестович се заканува со удар на Москва во случај на напад на Киев: „Украина ќе возврати“

Сподели со своите пријатели

Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, се закани дека ќе ѝ возврати на Москва во случај на руски напад врз Киев.

Loading...

Реагирајќи на предупредувањето на Министерството за одбрана на Русија дека ќе ги нападне центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев, Арестович за каналот Fagin Live изјави дека Украина ќе возврати, пренесува UNIAN.

 

Кој ги проследил тајните протоколи за Буча? Бундестагот го бара предавникот во своите редови

 

Според Арестович, Украина е подготвена за таква ситуација, бидејќи се може да се очекува од Кремљ.

– Веднаш да кажам дека имаме големи можности (да удриме) врз Русија. А тоа што сѐ уште не ги користиме, па, секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, да ескалираме – рече Арестовиќ.

 

Loading...

Бајден одобри дополнителна воена помош за Украина, вредна 800 милиони долари

 

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека доколку продолжат обидите за удар на украинските сили на руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучувајќи го и Киев.