Арачиновец се обидел да прегази полицајци во кумановско

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен жител на селото Арачиново вчера се обидел да удри во полициски службеници во атарот на селото Никуштак во липковско.

Loading...

– На 12.12.2022 во 15.10 часот во село Никуштак,липковско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Б.(46) од с.Арачиново, скопско, затоа што со товарно моторно возило се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект