Антонов: Комбинацијата на „помош“ и корупција носи целосна безнадежност

Сподели со своите пријатели

Американското оружје испратено во Украина се наоѓа низ целиот свет поради корупцијата на украинските функционери, тврди рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Loading...

Антонов изјави дека ова оружје не се наоѓа само во Источна Европа, туку и во други региони во светот, каде што продира, како што рече, „благодарение на корумпираните украински службеници“, соопшти руската амбасада во Вашингтон.

Антонов рече дека новата испорака на американско оружје во Украина, во вредност од 200 милиони долари, само ќе го продолжи конфликтот и ќе предизвика страдање на илјадници луѓе, пренесе ТАШ.

Нов пакет воена помош за Украина во вредност од 200 милиони долари најави американскиот претседател Џозеф Бајден на средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Вашингтон.

Рускиот амбасадор тврди дека посетата на Зеленски на Вашингтон била неуспешна, бидејќи не ги убедил американските власти дека Украина е поважна од безбедноста на САД.

Антонов оцени дека ништо повеќе не може да му помогне на Зеленски, ниту дополнителни санкции на Западот против Русија, ниту нови испораки на оружје за Украина.

Во вторникот Зеленски го посети американскиот Конгрес и разговараше со Бајден.