АНАЛИЗА: Што ја намалува невработеноста ‒ иселувањето, демографијата, или новите работни места?

Сподели со своите пријатели

Факти: Во 2002 година стапката на невработеност беше 31,9 %, а во 2022 година изнесуваше 14,4 %

Loading...

Невработеноста во Македонија постојано се намалува, а работодавачите сѐ погласно алармираат дека немаат работници и бараат нивен увоз. Како земји од кои би можеле да се донесат работници се наведуваат Непал, Пакистан, Индија…

Последните податоци што деновиве ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2022 година стапката на невработеност паднала на 14,4 проценти. Во 2002 година, односно пред две децении, стапката на невработеност била 31,9 проценти. На што се должи ваков голем пад на невработеноста? Дали тоа е резултат на иселувањето во овој период, на отворањето на нови работни места, или, пак, на негативни демографски тенденции? Овие прашања се во фокусот на анализата на порталот Пари.

Државниот завод за статистика во Анкетата на работна сила за 2022 година потенцираше дека при обработката на податоците за 2021 и 2022 година, користени се прогнозите за населението врз основа на пописот од 2021 година.

Ако ги споредиме овие податоци со оние од 2002 година, кога исто така имаше попис, за дваесет години имаме намалување на работоспособно население за 84.412 луѓе, имаме намалување на активното население за 16.747 луѓе, имаме зголемување на бројот на вработени за 130.693 вработени и имаме намалување на број на невработени за 147.438.

Овие податоци јасно покажуваат дека има зголемување на бројот на вработени, што значи дека има повеќе работни места, но истовремено има и намалување на работоспособно и активно население, така што намалувањето на стапката на невработеност делумно е од растот на новоотворените работни места, а делумно е поради намалувањето на населението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

ПОВЕЌЕ СЕ НАМАЛИЛО РАБОТОСПОСОБНОТО ИЛИ ОСТАНАТОТО НАСЕЛЕНИЕ?

Податоците од еден до друг попис покажаа дека за дваесет години, бројот на вкупно население се намалило за 185.834 жители и овој податок силно одекна во јавноста. Но, во оваа вкупна бројка, работоспособното население се намалило за 84.412 луѓе.

 

Loading...

Состојба од еден до друг попис 

ГОДИНА РАБОТОСПОСОБНО НАСЕЛЕНИЕ
2022 1.464.493
2002 1.548.905

Притоа, според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика, работоспособното население го сочинуваат сите лица на возраст од 15 до 79 години. Што значи дека за овие дваесет години има особено големо намалување на населението до 15 години и над 79 години, за околу 100.000.

Ако се земе предвид дека 2021 и 2022 година беа ковид-години и со висока смртност кај повозрасното население, но и ако се земе предвид иселувањето на родителите со деца во порана возраст, тогаш е јасно зошто има такво намалување на овие две возрасни популации. Иселувањето на децата ќе го продлабочи проблемот со работната сила во наредниот период.

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО АКТИВНОСТА НА РАБОТОСПОСОБНОТО НАСЕЛЕНИЕ?

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека нема некоја значителна разлика меѓу активното население во 2002 и во 2022 година, но сепак стапката на невработеност драстично се намалила од 31,9 % на 14,4 %. Ова се поткрепува со многу повисоката бројка на вработени во споредба со вработеноста пред 20 години. Таквите податоци одат во прилог на новоотворените работни места. Споредено со пред 20 години вработеноста се зголемила за околу 130.000 луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ние од ЗНАМ кажавме дека нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии за Македонија
ГОДИНА АКТИВНО НАСЕЛЕНИЕ ВРАБОТЕНИ НЕВРАБОТЕНИ СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ
2022 808.078 692 034 116 045 14,4 %
2002 824.824 561.341 263.483 31,9 %

Да потсетиме, ова се податоци според Анкета за работна сила. Значи, овде не станува збор само за „класичните вработувања“ каде што тече пензискиот стаж и здравственото осигурување.

Според Анкетата на работна сила, вработени се лицата на возраст од 15 до 79 години кои за време на извештајната недела работеле за пари или во натура најмалку 1 час; оние кои биле отсутни од работното место, но формално биле вработени; како и оние кои помагале на семејниот имот или во семејното претпријатие без плата. Невработени, пак, се оние кои активно барале работа и преземале активности. Стапката на невработеност е учество на бројот на невработените во вкупната работна сила.

ШТО ПОКАЖУВААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА НАТАЛИТЕТОТ?

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородени деца од година во година се намалува, а со тоа се намалува конзумот за работна сила. Дополнително, од тој конзум имаме и иселување.

Последните статистички податоци покажуваат серија од 1995 година заклучно со 2021 година. Во 1995 година имало 29.886 живородени деца, а во 2021 година 18.648. Во пописната 2002 година имало 24.154 живородени деца. Така, во 2002 година стапката на наталитет била 13,7 живородени деца на 1.000 жители, а во 2021 година изнесувала само 10,2 живородени на 1.000 жители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Намалувањето на стапката на наталитет се должи на таканаречениот темпо-ефект или одложување на раѓањата и склучување на брак на повозрасни години“, велат демографите.

Loading...

Во 2021 година, просечната возраст на мајката со прво раѓање е 27,5 години.

Така стигнуваме до катастрофалната состојба со природниот прираст кој покажува дека населението се намалува. Имено, во 2021 година таа изнесува минус 5,4 на 1.000 жители. Минусот се јавува од 2019 година, а ова е уште еден податок што покажува зошто се намалува невработеноста, но и во прилог на идните проблеми за работници.

 

Стапка на природен прираст на 1.000 жители

2021 година ‒ 5,2
2020 година ‒ 3,2
2019 година ‒ 0,3
2018 година 0,8
2017 година 0,7
2016 година 1,2
2015 година 1,3
2014 година 1,9
2013 година 1,9
2012 година 1,7
2011 година 1,6

 

Стапката на природен прираст ја покажува разлика меѓу живородените деца и бројот на умрените лица во однос на просечниот број на населението на средина на годината за која се пресметува, пресметана на 1000 жители, објаснува Државниот завод за статистика.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/analiza-shto-ja-namaluva-nevrabotenosta-iseluvanjet-demografijata-ili-novite-rabotni-mesta/