Ана Љубиќ ќе ја промовира збирката песни „И пад је лет“

Сподели со своите пријатели

Во фоајето на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, во среда со почеток од 19:30 часот ќе се одржи промоција на збирка песни и цитати под наслов „И пад је лет“ од младата авторка Ана Љубиќ од Куманово.

Loading...

Ана Љубиќ е родена на 21.06.2000 год во Куманово. Пишува од петто одделение а првите почетоци ги има во Друштво на писатели во Куманово. Во 2018 година ја објавува својата прва книга “Ловец на соништа”. Средно училиште завршува во ОСТУ „Наце Буѓони” во Куманово и своето образование го продолжува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата македонска книжевност. Учествува активно на литературни конкурси, пишува поезија за возрасни и деца. Награда која посебно ја издвојува е прво место, златна плакета за детска песничка “Сон” на фестиваолот Стихувалки. Во 2023 го објавува своето второ дело, новела „Што ми остана од тебе”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на слики на Живка Величковска во Куманово

На крај на 2024 го објавува своето трето дело, збирка песни на српски јазик “И пад је лет”. Паралелно пишува на српски и македонски јазик со желба да остави траг во македонската и српската книжевност. Збирката е лекторирана од страна на Гордана Димитријевиќ и е поддржана од страна на Српски културен центар Скопје.

Ова се песни со порака, без наслов, стихови во кои ќе се пронајдете. Зборовите оставаат белег, белегот е преточен во вечен спомен, не е крај, затоа и падот е лет како мотивација дека нешто ново и поинакво не очекува.

Промотори ќе бидат Гордана Јовиќ-Стојковска и Љиљана Тричковиќ а низ овој прекрасен настан ќе не води Ивана Максимовиќ- Петровска. Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор заедно да ја проследиме промоцијата на нашата сограѓанка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кај Романовце спречен шверц на лекови, на Табановце на облека, игли и делови (ФОТО)

Интегрално соопштение