Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Двете институции препорачуваат внимателно возење поради слабиот снег кој превејува на Попова Шапка, Стража, Маврово, Павлешенци, Смојмирово, Ѓавато, Буково и Крушево.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес, предупредуваат диспечерите на ЈП „Македонија пат“.