Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози, информира Автомото Сојуз на Македонија.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци во Пелагониската котлина и Дебар, патните правци Штип – Велес – Скопје од 50 – 80 метри, Штип – Радовиш и Штип – Неготино до 100 метри, Штип – Св.Николе – Куманово од 30 – 50 метри, Скопје – Велес од 50 – 80 метри.
Маглата на патните правци во Македонија ќе се задржи и во наредните два дена, со ниска облачност и релативно студено време.
Во среда кон крајот на денот и во четврток ќе дува умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините, но и пад на температурите во останатите места.