Американските компании ги заменуваат работниците со роботи

Сподели со своите пријатели

Компаниите во Северна Америка купиле четвртина повеќе роботи во првата половина од годината отколку во истиот период минатата година за да го олеснат проблемот со недостигот на работна сила и зголемените трошоци за платите, покажа истражувањето.

Loading...

Компаниите нарачале рекордни 12.305 машини во вредност од 585 милиони долари во вториот квартал, според податоците собрани од индустриската групација Асоцијација за напредна автоматизација (А3).

Во првата половина од годината, северноамериканскиот пазар на роботи забележа најдобри перформанси откако А3 ги објави податоците, се вели во извештајот.

„Компаниите мора да произведуваат, а тоа значи дека им треба нова автоматизирана линија“, објаснува претседателот на А3, Џеф Бурнштајн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ќе се сретне со кинескиот претседател

Слаба понуда на пазарот на трудот

Стимулот за купување роботи во моментов е слаба понуда на пазарот на трудот.

Бројот на слободни работни места е двојно поголем од бројот на невработени, а работодавачите мора да ги зголемат платите.

Вкупните трошоци за работна сила во САД се зголемија за 5,1 отсто во вториот квартал, најмногу откако Министерството за труд почна да го следи тој индикатор во 2001 година.

Роботите сè уште не значат подобра продуктивност на работниците, според моментално достапните показатели, забележува Ројтерс, истакнувајќи дека продуктивноста во САД во вториот квартал забележа најголем пад, изразен со годишна стапка, од 1948 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската влада одлучна: Смртната казна останува

Можно објаснување е нарушувањето предизвикано од пандемијата „Ковид-19“, што предизвика големи промени во работната сила, вклучително и егзодус на работници кои многу бавно се враќаат на своите работни места.

Работниците се исто така помалку продуктивни кога се преселуваат во друг сектор или на друго работно место во истиот сектор.

Крива на учење

Треба да се додаде дека повеќето луѓе се вработени во услужните сектори со пониско ниво на продуктивност, како што се забавата и угостителството, што исто така може да ги прикрие подобрувањата во примената на роботите во други сектори.

Бурнштајн исто така нагласува дека на компаниите им треба време целосно да воведат нови машини и максимално да го искористат својот потенцијал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија расте омразата кон странците

„Постои нешто што се нарекува крива на учење“, потсетува тој.

Компаниите брзаат да воведат роботи за да бидат во чекор со силната побарувачка, која не покажува знаци на намалување и покрај зголемувањето на клучните каматни стапки во САД за да се спречи инфлацијата, забележува Ројтерс.