Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди екипажот на носачот на авиони USS Gerald R. Ford и уште еден воен брод да останат во Средоземното Море уште неколку недели за да го задржат присуството на двата носачи во близина на Израел поради војната со Хамас.
Тоа е трет пат распоредувањето на носачот на авиони да биде продолжено, што ја нагласува тековната загриженост за нестабилноста во регионот за време на израелската војна во Газа, соопшти агенцијата АП.
САД имаат два носачи на авиони во регионот, што е реткост во последниве години.
Неколку американски официјални лица потврдија дека оваа недела биле одобрени подолги ангажмани за носачот на авиони и воен брод USS Normandy.
Пентагон го зголеми своето воено присуство во регионот откако палестинското движење Хамас го нападна Израел на 7 октомври.