Американскиот министер за правда во ненајавена посета на Меѓународниот кривичен суд

Сподели со своите пријатели

Американскиот секретар за правда Мерик Гарланд беше во ненајавена посета на Меѓународниот кривичен суд (МКС) каде што се сретна со главниот обвинител Карим Кан.

Loading...

МКС објави на Твитер дека Гарланд се сретнал со Кам, но не даде никакви детали за состаноците.

Според Ројтерс, посетата може да биде знак за промена на политиката на Вашингтон кон судот за воени злосторства.

САД не се членка на МКС, како што не се ниту Русија и Кина, и воведоа санкции за највисоките функционери на судот за време на администрацијата на Доналд Трамп.

Сепак, под актуелниот претседател Џозеф Бајден, тие санкции се укинати и Вашингтон ја поддржа работата на МКС за истрага на воените злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Состанокот на Гарланд со највисоките судски претставници е доказ за подобрените односи меѓу Вашингтон и судот, кој во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин обвинувајќи го за воени злосторства – илегална депортација на стотици деца од Украина, наведува британската агенција.