Американски суд го ограничи пристапот до таблети за абортус

Сподели со своите пријатели

Американскиот апелационен суд денеска донесе одлука да го ограничи пристапот до таблетата за абортус мифепристон, со што ја поништи пресудата на понискиот суд со која беше суспендирано одобрувањето на лекот во 2000 година.

Loading...

Одлуката дојде по заедничката тужба на четири групи против абортусот, предводени од неодамна формираната Алијанса за Хипократска медицина, пренесува Ројтерс.

Тие тврдеа дека американската Администрација за храна и лекови не ја разгледала соодветно безбедноста на лекот кога се користи од малолетници.

„Мифепристон“ се користи со лекот „мизопростол“ како дел од процесот на абортус, така одлучуваат повеќе од половина од оние кои сакаат да абортираат во САД, а треба да се користи во првите 10 недели од бременоста.

Бројните медицински студии и годините на користење на пациентите покажаа дека лекот е безбеден и ефикасен, а истакнати медицински здруженија, вклучително и Американскиот колеџ за акушери и гинеколози и Американското медицинско здружение, во судските поднесоци изјавија дека повлекувањето на мифепристон од пазарот ќе му наштети пациентите би ги принудиле на поинвазивни хируршки абортуси.