Американската ДЕА пронашла тон метамфетамин завиткан во целер

Сподели со своите пријатели

Целерот бил користен за да се сокрие еден тон метамфетамин што федералните агенти го откриле во камион на фармерски пазар надвор од Атланта, соопшти американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА).

Loading...

Во она што ДЕА го нарече една од најголемите заплени од ваков вид, агентите ја заплениле дрогата што се доставувала на пазарот за фармери во Атланта во Форест Парк, соопштија властите на прес-конференција, пренесува АП.

Агентот на ДЕА Роберт Марфи рече дека ја откриле дрогата следејќи ја полуприколката што ја преминала мексиканската граница до пазарот.

„Дрогата беше во обвивка од целер, која потоа ја фрливме. Ништо не стигна до продавницата“, рече тој.

Полицијата уапсила мексикански државјанин, а детали за осомничениот и обвиненијата се уште не се достапни.