Американската амбасадорка во Русија го посети уапсениот новинар на Wall Street Journal

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Русија, Лин Трејси се сретна со новинарот на Волстрит журнал, Иван Гершкович, кој е во притвор во Русија, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Loading...

Посетата на амбасадорот на американскиот новинар е трета откако Гершкович беше приведен во март под обвинение за шпионажа.

„Амбасадорката Трејси рече дека Иван се уште изгледа како човек со добро здравје и покрај сите околности. САД уште еднаш апелираат до Руската Федерација веднаш да ги ослободи Иван Гершкович и незаконски приведениот американски државјанин Пол Вилан“, изјави портпаролот на Стејт департментот и додаде дека официјален Вашингтон очекува Москва да обезбеди континуиран конзуларен пристап, пренесува Ројтерс.

Русија соопшти дека Гершкович бил фатен како се обидува да добие воени тајни додека бил на пат во рускиот град Екатеринбург, но не наведе детали за да го поткрепи тврдењето.

И Wall Street Journal ги негира обвинувањата против својот новинар, пренесува Танјуг.