Амбасадорката Агелер во посета на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер денеска беше во посета на Општина Куманово.

Loading...

 

 

При посетата амбасадорката Агелер оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски, на која се разговарало на повеќе теми.

– На средбата разговаравме за состојбата во локалната самоуправа и на други актуелни теми, кои ќе донесат продлабочување на соработката и отворање на нови можности за спроведување на проекти, значајни за подобар животен стандард на граѓаните, потенцираше Димитриевски.

 

Loading...

 

По средбата во општината, Агелер и Димитриевски го посетија завршниот настан од затворањето на Детскиот ликовен камп „АСНОМ”.

 

 

Инаку ова е прва посета на Агелер на Општина Куманово.

 

Loading...

Никола Ивановски