Алпинист загина на Монт Еверест

Сподели со своите пријатели

Молдавски алпинист загина рано утринава на Монт Еверест, што е петта жртва од почетокот на овогодинешната планинарска сезона на највисокиот врв на светот.

Loading...

„Планинарот почина рано денеска, се обидуваме да дознаеме повеќе детали“, изјави за AFP Јубарај Кативада, претставник на одделот за туризам.

Сезоната на искачување на највисокиот врв годинава започна трагично, со смртта на тројца непалски планинари во април и еден Американец на почетокот на мај.

Осум од десетте највисоки врвови во светот се наоѓаат во Непал, од кои Монт Еверест е највисок (8.849 метри), а секоја сезона прима стотици планинари кога температурите се поблаги, а ветровите се послаби.

Непалскиот алпинист Ками Рита Шерпа (53) денеска по 27-ми пат стигна до врвот, соборувајќи го сопствениот рекорд за најголем број искачувања на највисоката планина во светот, објави организаторот на неговата експедиција.