Алексеј Стојановски е шампион, а Марин Стефановски финалист на Отвореното првенство на Македонија до 16 години – јуниори, со што двајцата млади кумановски тенисери остварија одличен резултат на турнирот што од 14 до 17 август се одржува во Скопје.
Во финалето се сретнаа токму Стојановски и Стефановски, двајцата членови на ТК „Тумба“ од Куманово, а шампионската титула ја освои Стојановски.
Стојановски во финалниот меч славеше против својот клупски колега со 6-2, 6-3 и со тоа го освои првото место во категоријата до 16 години.
Стефановски, пак, со пласманот во финалето обезбеди одличен резултат и второ место на првенството.
Двајцата кумановски тенисери со настапот во финалето покажаа одлична форма и се наметнаа меѓу најдобрите млади тенисери во Македонија во оваа возрасна категорија.
Турнирот се одржува во Скопје во организација на ТК „Поинтер“ од Скопје.
Никола Ивановски
