Алексеј од Куманово го освои Тениското првенство на Македонија за јуниори

Сподели со своите пријатели

Алексеј Стојановски од Куманово го освои Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори до 14 години.

Loading...

Стојановски, кој е член на Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово, во финалето го совлада Иван Трипковски од ТК „Чери” од Скопје со 2-0 во сетови.

 

 

– Тенискиот клуб „Тумба” од Куманово уште еднаш упатува честитки до Алексеј Стојановски за извонредниот резултат со желба континуитет на добри резултати да продолжи и во иднина, велат од клубот.

На турнирот кој се одржа на 29-ти и 30-ти јуни учествуваа околу 25 тенисери во оваа возрасна категорија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал 82-годишник на булевар

 

Loading...

 

Настанот беше во организација на Македонската тениска федерација, а домаќин беше ТК „Црна Река“ од Кавадарци.

Никола Ивановски