Александар Гелевски нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

Сподели со своите пријатели

Александар Гелевски, доскорешен секретар на Општина Куманово, е назначен за нов директор на Агенцијата за планирање на просторот.

Loading...

Гелевски беше втор човек на Општина Куманово и првиот кој на таа функција беше назначен како непартиски активист во 2021 година од страна на градоначалникот Максим Димитриевски.

Роден е во 1981 година во Куманово, каде завршува основно и средно гимназиско образование. Дипломира на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонски факултет во 2006 година.

Истата година ја започнува и својата професионална кариера како проектант и планер-урбанист, со што се здобива со Овластувања од областа на урбанизмот и архитектурата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милиони евра потребни за канализација во селата, пари кои Општина Куманово ги нема

Во јануари 2014 година се вработува во Општина Куманово како советник во Одделение за урбанизам.

Од ноември 2018 е назначен за Раководител на Одделение за спроведување на урбанистичка документација – Сектор за урбанизам, а во август 2020 доаѓа на функцијата Секретар на Општина Куманово.

Во 2022 по втор пат беше назначен за секретар на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Loading...