Триесет и петгодишен жител на Албанија баран со потерница од Интерпол вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Loading...
– На 12.10.2020 во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.А.(35) од Р.Албанија се наоѓал на СТОП- листа на Интерпол и за него била распишана меѓународна потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски