Албанци изрешетаа двајца Срби во Германија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рафали Ф. Л. (39) од Србија бил ликвидиран во заседа пред трговски центар во градот Абенсберг, додека неговиот брат (46) бил сериозно повреден пред неговиот дом во истиот град.

Loading...

Ф. Л. (39), српски државјанин, беше убиен додека неговиот брат, 46, е сериозно повреден во германскиот град Абенсберг, Баварија. Двајца Срби биле убиени во одделни пукања, што се случиле во получасовни интервали.

Според германските медиуми, полицијата уапсила двајца Албанци, по потекло од Косово, во средата, непосредно по вооружените напади, под сомнение дека пукале во браќата од Србија.

– Едниот уапсен има 30 години, а другиот 40. Пронајдоа и оружје и во тек е да се утврди дали тие оружја биле користени за пукање кон жртвите. Наводно, уапсените Албанци и жртвите се познавале прехтодно – рекол изворот.

Првото пукање се случило во средата во 6.10 часот на паркингот пред трговскиот центар „Едеке“, пред очите на бројни граѓани, додека второто се случило половина час подоцна пред куќа во Абенсберг, недалеку од трговскиот центар.

Сведоци на убиството велат дека двајца мажи упаднале на паркингот, а потоа побегнале во автомобил.

– Еден Србин е пронајден мртов пред комбе, врз него се испукани повеќе куршими. Се тврди дека напаѓачите го чекале на паркингот, а кога тој се приближил кон неговото возило, пукале. Само половина час подоцна, двајца пукале кон неговиот брат, кој стоел пред куќата. Потоа, тие исто така побегнале во автомобил, а повредениот бил пренесен во болница – јавуваат медиумите, додавајќи дека очевидци го опишале автомобилот во кој загинале убијците.

Само еден час по второто пукање, двајца Албанци биле уапсени.

Loading...

– Тие се осомничени за убиство и обид за убиство. Останува да се утврди кој е мотивот на злосторството, како и односот помеѓу жртвите и напаѓачите. Истрагата ќе покаже дали станува збор за кривично дело или за нешто друго – рекол изворот, а пренесува српски Курир.

Leave a Reply